Жарко Караџовски: Да не се прават доктори тие што не излегле од канцеларија

0
92

Д-р Жарко Караџовски на денешната прес конференција напомена дека најголем број од пациентите се со лесна клиничка слика. Дел од симптомите се слабост малаксаност, затнат нос и температура. Со терапија, остануваат дома и ја примаат. Од 2 до 4 отсто завршуваат на клиника, а од оние случаи во коип пациентите не ја издржуваат битката, најчесто се работи за пациенти со коморбидитет. Здравствениот систем има можност да ги растегне клиничките капацитети и да станат многу одделенија кои ќе ги лекуваат овие пациенти. Но, најважно е да се почитува апелот за почитување на мерките, зашто немаме резервни здравствени работници. Немаме други со кои ќе направиме замена. Немаме ниту доволно епидемиолози и инфектолози. До последните капки пот од нас ќе работиме.

Нема да го оставиме на цедило населението. Додека јас сум овде на прес-конференцијава, некој работи. И да не се прават најголеми доктори тие што никогаш не излегле од канцеларија – рече Караџовски.