Задолжително носење маски на отворено, казни за тие кои не ја почитуваат оваа одлука

0
80

Откако измените и дополнувањата на законот за заштита од заразни болести попладнево поминаа на собраниската Комисија за здравство, пратениците синоќа ги усвоија со 53 гласови „за“, нула „против“ и 26 „воздржани“.

Измените и дополнувањата на законот предвидуваат носење на лична заштита на лицето, односно, респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично, при излегување надвор од домот. Односно, при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично).