Заев е против воведување на полициски час

0
88

Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се воведат нови мерки за заштита од епидемијата на коронавирус, одговори дека загрижувачки се новите бројки и тоа покажува дека сите треба да ги почитуваме мерките кои веќе се на сила, односно носење маска и држење растојание.

„Ако Комисијата за заразни болести предложи мерки кои навистина ќе го намалат бројот на заболени, ние како Влада ќе ги прифатиме. Но, нема да брзаме со полициски час и целосен локдаун, бидејќи тоа ќе се одрази на економијата” рече Заев.

Тој денеска заедно со скопскиот градоначалник Петре Шилегов и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски беше во посета на претоварната станица во Скопје каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела.