Заев – Заради пријателството сакам да ја посетам Бугарија

0
72

Сакам да ја посетам Бугарија, не ја кријам желбата, верувам дека тоа ќе се случи. Работиме на проблемот, кога ќе има промени ќе ве известам, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање при посетата во ТИРЗ Скопје 2 (Бунарџик).

Заев очекува дека посетата ќе се одржи пред закажаното одржување на Берлинскиот процес на 10 ноември, со кој заеднички претседаваат Северна Македонија и Бугарија.

-На 10 -11 ноември се очекува да се одржи Берлинскиот процес каде што сме домаќини ние и Бугарија заедно, што ќе се одржи во Софија. Јас, како претседател на Владата и премиерот Борисов сме првите домаќини во името на нашите земји. Се надевам дотогаш ќе биде реализирана мојата посета, за да поразговараме за сите работи. Секако јас сакам да ја посетам Република Бугарија и да биде мојата прва официјална посета како претседател на Владата заради тоа што навистина имаме и отворени прашања за разговори- рече Заев.