Заев и Пендаровски негираат дека со Бугарија се преговара за јазикот

0
65

Заев и Пендаровски негираат дека со Бугарија се преговара за јазикот. Ги демантираат наводите во бриселски Политико дека на вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел бил постигнат таканаречен „бугарски компромис“ за почеток на преговорите. Според дипломатските извори на кои се повикува Политико, договорено било Софија да признае македонски јазик и идентитет, по услов Скопје да признае бугарски темели на јазикот и идентитетот.