Законот за усвојување на мерките за заштита од вирусот во застој, Џафери не сака да свика седница за една точка

0
99

Законот за заштита на населението од заразни болести на која се владините мерки за корона пандемијата ќе биде ставен на седница дури на на 27 октомври. Собранискиот спикер Талат Џафери, по повод повикот на опозицијата за итна седница за да се изгласаат владините мерки за корона пандемијата, рече дека нема намера да свика посебна седница со една точка бидејки претходното повлекување на Законот било на барање на партиите.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе присуствуваат на седницата на чиј дневен ред ќе биде Закон за заштита од заразни болести, но ќе гласаат воздржано за законскиот предлог, изјави координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„Самиот Закон за заштита од заразни болести не нуди решенија, односно мерки кои ги очекуваат граѓаните, туку тие треба да ги достави Владата. Во самиот вовед на Законот пишува дека се наметнува потреба за ревидирање на прекршочните одредби од Законот за заштита на населението од заразни болести, што е сосема поразлично од она што го кажува изминатите два дена министерот за здравство Венко Филипче“, вели Мицевски.