Заменик министерот за образование Шабани – Во 20 % од училиштата недостасуваат средства за работа

0
143

Образовниот процес во Македонија тече нормално во 80 % од училиштата според сите здравствени протоколи, изјави заменик министерот за образование Арафат Шабани при денешната посета на Гостивар. Во останатие 20 % од училиштата недостасуваат средства за работа, а некои се соочуваат и со технички проблеми како немање интернет и слично. Шабани очекува и овие проблеми наскоро да се надминат.

Тој се сретна со градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, кој смета дека воспитно – образовниот процес треба да тече и во дел од останатите основни училишта во Гостивар со физичко присуство, затоа што состојбата со пандемијата во неговата општина била стабилна

-Засега дозволено е физичко присуство само во основното училиште Гоце Делчев. Ние бараме тоа да се прошири и во некои други училишта. Откако започна учебната година само еден позитивен случај имаме во училиштата, што значи состојбата е стабилна. И средношколците со кои имав средба сакаа физичко присуство, па ми предложија наставата во некои училишта да се одвива во четири смени, идеја со која се согласувам и за која ќе разговараме со надлежните, рече градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.