Заострени мерки во Словенија по влошувањето на состојбата

0
102

Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека во Словенија од денеска ќе стапат во сила заострени мерки против ширење на коронавирусот, кои вклучуваат учење на далечина, забрана за движење меѓу регионите, ограничувања на собири и задолжително носење маски на отворено во регионите кои се на „црвената листа“. Од 12 региони – седум се на „црвената листа“.

 

Јанша рече дека меѓу новите мерки што Владата ги донела поради влошената епидемиолошка состојба, е и активирањето на резервните капацитети во здравствениот систем.

 

Според него, наставата во училиштата ќе биде ограничена, така што учениците од петто одделение и повисоките класови од основното училиште ќе учат на далечина барем до есенскиот распуст, кој започнува во последната недела од октомври, кога ќе се преразгледа ситуацијата, пренесува СТА.