Засега нема воведување на полициски час

0
78

Новите високи бројки на хоспитализрани пациетни и намалување на болничките капацитети во модуларната болница донесоа итни мерки за отворање на два оддели во „8-ми септмеври“ и дополнителни 40 болнички кревери во болницата Козле. Вчерашните 22 починати и високата смрност во регионот го отвори прашањето за причината за смртност на пациентите со Ковид 19. Според досегашните податоци 85 проценти од починатите се со претходни хронични заболувања.

Се уште мака за граѓаните е тестирањето, термините за тестирање во јавното здравство се зафатени со стартот на работната недела, а тестовите од 50 евра се висока сума за граѓаните во приватниот сектор. Првиот човек на комисијата објаснува дека се прошируваат капацитетите за тестирање во две смени. Оваа недела пристигнуваат и новите брзи тестови. За министерот се уште се разгледува опцијата дали ќе може и во приватните лаборатории да се прават тестови на терет на фонодот за здравство.

Доктор Караџовски објаснува дека епидемилозите функционираат по 16 часа дневно, кадарот е тој а граѓаните треба да разберат дека носењето маска и дружбите потреба да застанат.

Караџовски објасни дека два до четири проценти од заболените завршуваат со хоспитлаизација, останатите 80 проценти се асимтоматски или со благи симптоми. Но, за него овие се опасност од пренесување на вирусот и токму битката ја губат луѓето со хронични заболувања и слаб имунитет.

Преземено од Канал 5