Захариева:Или сте Бугари со бугарски корени или вето!

0
171

Захариева повторно се заканува со вето ако Македонија не признае дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени.

Во интервју за Ројтерс бугарската министерка за надворешни работи Захариева, наведува дека Софија го губи трпението поради како што вели одбивањето на земјава, да го имлементира Договорот за добрососедство…

„Не спориме со нивното право на самоопределување, ниту со правото да си го нарекуваат јазикот како сакаат. Подготвени сме уште еднаш да ги потврдиме актуелните реалности, но тие мора да ја прифатат историската вистина“, вели бугарската министерка.

Нашите грижи потекнуваат од бескрајните тврдења за македонско малцинство во Бугарија. Признавањето на бугарските корени ќе му стави крај на тоа“, вели Захариева.

Овие позиции на бугарската министерка се поклопуваат со предлогот изнесен на амбасадорскиот состанок во Брисел за кој пишуваше Политико…По овие инфрормации Пендаровски и Заев одгвоорија дека за идентитетот ниту ке проговарата ниту ке прават компромиси..

Денеска иако побаравме не добивме став на министерот Османи во однос на позициите на Захариева. Но тој ниту на вчерашната прес конференција не одговори дали во Брисел имало компромис за кој пишуваше и Политико, но изјави дека не може да зборува за предлог бидејки Македонија не е дел од дебатата во Унијата..Наредната недела во пресрет на самитот во Софија најави дека ќе се сретне со Захариева..
Канал 5