За соседите Македонскиот мед е течен дијамант

0
90

Приносот на македонски мед е намален за 50 %, но квалитетот се уште е неприкосновен, истакнаа учесниците на вториот меѓународен натпревар за квалитет на мед, кој се одржа во Тетово. Побараа помош од институциите за поголема промоција на нашиот мед, но и дополнителни мерки и субвенции за помош на пчеларите

-Затоа и оваа манифестација е да се види дека ние пчеларите сме организирани и нашите производи се оценуваат од стручни лица се оценува органолептички и микробиолошки. Тој што учествувал и ќе добие награда и ќе може пред купците да каже колку овој мед е квалитетен. Треба да имаме организација од аспект на извоз на медот. Квалитетот постои, тоа е важно да го има, дека ќе дојде време и тој мед ќе се продаде. Најголемиот проблем се разбира се климатските промени, поради тоа и се намалува приносот. Ние се прилагодуваме спрема климатските промени, се трудиме да бидеме пофлексибилни, ги селиме пчелите, се со цел да бидеме порентабилни и слично. За споредба пред неколку години се вадеше од едно пчелно семејство и до 30 килограми мед, а сега некои вадат и 5 до 6 килограми, изјави Владимир Антовски пчелар од тетовско Жилче

Оваа година нашите медари ја оценија како средножалосна, поради старите проиблем како климатските промени и зголемената употреба на пестициди во земјоделието, но и поради пандемијата. Со мала помош од државата пчеларите можат да закрепнат, голем дел од семејствата со тек на време да егзистираат од оваа дејност, а Македонскиот мед да стане бренд.