Зголемена фреквенцијата и на ГП Јажинце, околу 1500 лица до 15 часот

0
101

Значително зголемување на фреквренција на луѓе се бележи во текот на денешниот ден на граничниот премин Јажинце откако има можност да се поминуваат границите помеѓу Македонија и Косово без ПЦР-тест за коронавирус, информираат од тамошната полициска станица за гранички проверки. Според нивните податоци, од ноќеска на полноќ до 15 часот границата ја поминале околу 1500 лица.

-Сообраќајот и преминувањето на границата се одвива тековно и без проблеми. Денес во временскиот интервал 00:00 до 15:00 часот преку граничниот премин Јажинце за влез и за излез поминале околу 500 странски државјани и околу 1000 македонски државјани. Во периодот кога за преминување на границата требаше да се има ПЦР-тест на дневна основа поминуваа само по 15-20 луѓе, информира Жарко Трпевски, командир на граничен премин Јажинце.