Извештај на ЕК: Србија со негативни оценки за изборниот процес, правосудството и фискалните реформи

0
112

Кога станува збор за изборите, ЕК констатира дека на сите им било дозволено да учествуваат и да водат кампања, но дека најголемите медиуми ги фаворизирале владејачките структури.
Во новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Србија, во кој ТВ N1 имаше увид, Србија доби три негативни оценки: За изборниот процес, судскиот систем и фискалните реформи.

Србија нема постигнато никаков напредок кога станува збор за изборните процеси или судскиот систем, додека умерен напредок е регистриран кога станува збор за борбата против корупцијата (структурни реформи и соработка меѓу агенциите) и реформите во јавната администрација.

Во извештајот, се наведува дека Србија постигнала напредок кога станува збор за економски и фискални прашања. Се наведува дека има намалување на буџетскиот дефицит и разумна фискална активност, но дека нема фискални реформи.

ЕК наведува дека државата сè уште е клучен играч во економската сфера, додека приватниот сектор има проблеми поради владеењето на правото.

Во извештајот се наведува и дека во Србија има намалување на невработеноста, но се посочува дека причина за ова е зголеменото иселување.

Надворешните разлики се големи, но тие се неутрализираат со голем прилив на странски инвестиции, се вели во извештајот, во кој се додава дека Србија мора да постави приоритети и контрола на инвестициите, особено на меѓудржавните.

Понатаму се нотира дека е постигнат напредок во рамките на законските одредби кога станува збор за деловна активност, заштита на интелектуална сопственост или заштита на конкуренција.

Исто така, се наведува и дека образованието е проблем, односно дека не ги исполнува барањата на пазарот.

Кога станува збор за изборите, ЕК констатира дека на сите им било дозволено да учествуваат и да водат кампања, но дека најголемите медиуми ги фаворизирале владејачките структури.

ЕК додава дека дијалогот е од суштинско значење и дека ниту една препорака од Канцеларијата за демократски институции и човекови права ОБСЕ (ОДИХР) не е исполнета, и дека составот на парламентот не одгара на политичкиот плурализам.

Се наведува и дека постои сериозна загриженост поради политичкото влијание врз судството.

Србија има делумен напредок во борбата против корупцијата, како и во борбата против организираниот криминал. Кога станува збор за корупцијата, постојат сериозни проблеми затоа што нема механизми за превенција и бројот на судењата е намален.

Во врска со медиумите, се наведува дека Србија има медиумска стратегија, но и недостаток на нејзина имплементација. Сериозна загриженост постои поради заканите, малтретирањата и насилството врз новинари.

Кога станува збор за односите во регионот, Србија е пофалена за нејзината посветеност на регионалната соработка.

ЕК констатира дека преговорите меѓу Белград и Приштина се продолжени, но дека е потребно да се постигне договор.

Србија мора да ја усогласи и својата надворешна политика со Европската унија, се наведува во извештајот на Европската комисија, до која дојде белградската Н1./МИА/