И пред грејната сезона воздухот загаден, маските против короната ќе имаат двојна улога

0
97

И пред грејната сезона во земјава се достигнува пикот на аерозагадувањето. Воздухот е загаден во делови од Скопје, Куманово, Тетово, Кичево, Битола и Кочани. Опасен воздух има во скопската населба Ново Лисиче. Ова го покажува мерна станица на „pulse.eco“, која денеска измери 278 микрограми ПМ 10 честички во воздухот. Државната станица, пак, измери многу помалку – 24 микрограми ПМ 10 честички. И вчеравечер во оваа населба воздхот беше загаден. Граѓаните негодуваат – се шири непријатна миризба.

„Не сум забележала, ама очекувам есенва да биде интересно, затоа што секоја година е сè повеќе и сè повеќе загаден воздухот, не знам од каде особено од старата населба Лисиче каде што се грејат на дрва, а синоќа не забележав нешто специјално…“

„Почуствував. Малку беше прозорецот отворен и навечер влегува некој мирис, како на изгорено…“

„Тука многу често забележуваме, особено ноќе кога ќе отвориме врата да проветруваме не се дише. Мириса на пластика, некогаш на запалено ѓубре…“, рекоа анкетираните граѓани.

Од Министерството за екологија велат дека аерозагадувањето е комплексен проблем, а тие не се единствената институција која работи на почист воздух. Според нив, потребен е добар урбанистички план, гасификација, контрола и рестрикции во сообраќајот. Досегашните мерки тврдат дека даваат резултати.

„Од сите мерни станици во државата од 2005 до 2019 година се бележи тренд на опаѓање на концентрациите кои се должи на превземените мерки од страна на институциите на централно и на локално ниво“, наведуваат од Министерството за животна средина.

Последните истражувања покажуваат дека аерозагадувањето придонесува за ширење на коронавирусот, односно вирусот може да биде во ПМ честичките и да се пренесува преку воздухот. Ова во петокот го сподели и министерот Филпче кога обзнани дека секој мора да носи маска за заштита од вирусот.
Преземено од АЛСАТ-М