КОВИД 19 зеде уште една млада жртва, почина 27 годишно момче од кумановско

0
80

„27-годишниот пациент, почина на Клиниката за инфективни болести каде беше примен во исклучително тешка состојба. Пред да биде донесен на Клиниката, 6 дена се лекувал дома, 4 дена бил под надзор на матичен лекар, а 2 дена бил лекуван амбулантски во Кумановската болница. Поради нагло влошување на состојбата и пад на сатурацијата до 50% пациентот е префрлен на Клиниката во Скопје во исклучително тешка состојба, каде беше ставен на неинванзивна вентилација. Пациентот немаше хронични заболувања освен покачена телесна тежина“, стои во одговорот на Министерството за здравство.