Колапс на „Боинг“: Гигантот отпушта 30 илјади вработени, пријавена загуба од 450 милиони долари

0
76

Американската компанија „Боинг“ денес најави намалување на бројот на вработени и укинување на 30 илјади работни места, затоа што продолжува да ги губи приходите поради пандемијата.

Боинг“ соопшти дека очекува до крајот на идната година да го намали бројот на вработени за околу 130 илјади, што е за 30 илјади помалку отколку на почетокот на годината. Тоа сепак е далеку повеќе од намалувањето од 19 илјади кое компанијата го најави пред три месеци.

Американската компанија се соочи со пад на приходите откако моделот „737 Макс“ беше повлечен во март минатата година после двете авионски несреќи, а потоа и пандемијата на коронавирусот доведе до намалување на бројот на летовите. Со тоа голем број на авиокомпании останаа со повеќе авиони од тоа што им е потребно.