Лукаревска се враќа на чело на УЈП

0
82

Лукаревска се враќа на чело на УЈП
На денешната владина седница, на предлог на Комисија за именување, Владата донесе одлука Фарук Омерида биде разрешен од должноста в.д. директор на Управата за јавни приходи. Со друга одлука Сања Лукаревска е именувана за в.д. директор на Управа за јавни приходи.

По верификувањето на мандатот за пратеник во август, Лукаревска ја напушти функцијата директор на Управата за јавни приходи, а на нејзино место за в.д. директор беше поставен Омери.

Претходно денеска, Собранието ја констатираше нејзината и оставките пратениците Мухамед Зекири од СДСМ, Бајрам Реџепи од ДУИ и Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ.