Лукашенко кој велеше дека пандемијата е психоза сега ги затвора границите

0
80

Белоруските власти објавија дека привремено ги затвораат своите копнени граници со Литванија, Летонија, Полска и Украина, како потег во борбата против ширењето на коронавирусот. „Поради епидемиолошката состојба во соседните земји, Белорусија привремено го ограничува влезот на нејзината територија преку копнените граници со Летонија, Литванија, Полска и Украина“, се вели во соопштението на Националниот пограничен комитет.