Македонија и Косово во Скопје ќе потпишат договор за „Чиста 5Г мрежа“

0
75

Косовскиот премиер за време на првата официјална посета во Македонија ќе се сретне со македонскиот политички врв, а во амбасадата на Косово, со претставник на Стејт Департментот, ќе го потпише и договорот за „Чиста 5Г мрежа“.

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, кој денеска е во официјална посета на Скопје, ќе се сретне со македонскиот премиер Зоран Заев и ќе го потпише договорот за воспоставување на „Чиста 5Г мрежа“, како што е предвидено со договорот потпишан на 4 септември во Белата куќа. Договорот за 5Г мрежата, Хоти ќе го потпише во амбасадата на Косово во Скопје со претставник на Стејт Департментот.

Договор за „Чиста 5Г мрежа денеска во Скопје треба да потпише и Северна Македонија со претставник на Стејт Департментот.

Програмата „Чиста мрежа“, според американскиот Стејт департмент е сеопфатен пристап на американската администрација за заштита на имотот на нацијата, вклучувајќи ја тука приватноста на граѓаните, како и најчувствителните информации на компаниите од упади на злонамерни актери, како што е, како што се истакнува, Кинеската комунистичка партија“.

Што претставува „Чиста мрежа“?

„Чиста мрежа“ се осврнува на долгорочната заканата за приватноста на податоците, човековите права и принципиелната соработка во светот слободен од авторитарни злонамерни чинители. „Чиста мрежа“ има основа во меѓународно прифатените стандарди за дигитална доверба. Таа претставува спроведување на повеќегодишна трајна стратегија на сите влади, изградена во коалиција со доверливи партнери и заснована на брзо менување на технологијата и економијата на глобалните пазари.

Многу земји избираат да дозволат само доверливи продавачи во нивните 5Г мрежи, како Велика Британија, Чешка, Полска, Шведска, Естонија, Романија, Данска и Летонија. Грција се одлучи за Ериксон, наместо за Хуавеи, за развој на нејзината 5Г инфраструктура. Некои од најголемите телекомуникациски компании во светот исто така стануваат „Чисти Телекоми“. Оранж во Франција, НТТ во Јапонија и О2 во Велика Британија одбиваат да работат со алатки на Кинеската комунистичка партија, како што е Хуавеи. Трите најголеми телекомуникациски компании во Канада одлучија да соработуваат со Ериксон, Нокиа и со Самсунг, зашто јавното мислење претежно беше против да му се дозволи на Хуавеи да ја гради канадската 5Г мрежа.
РСЕ