Македонците задолжени до гуша поради корона кризата, за споредба за 50 отсто повеќе од Србите

0
69

Корона кризата ја зголеми задолженоста кај македонските граѓани. Потребата од свежи пари, за да се задоволат основите животни потреби од месец за месец расте. Во просек, секој должи по речиси 1.500 евра, најмногу за потрошувачки кредити.

 

Податоците на Народната банка покажуваат дека домаќинствата кон банките должат скоро 3 милијарди евра. Од нив, половината се потрошувачки кредити, останатите – скоро 900 милиони се станбени, за кредитни картички 188 милиони и 100 милиони евра за минусни салда. Но, ако се земе вкупниот државен долг, кој во мометов изнесува 5,6 милијарди евра и се собере со долгот на граѓаните се доаѓа до бројка од 4.300 евра долг по жител во Македонија.

 

 

Во споредба со регионот, најмалку задолжени се Србите – во просек по 2,900 евра, од кои 1,500 евра е долгот кон банките, а 1,400 евра државниот. Загрижува податокот за долгот на Црногорците, кој надмина 8,000 евра по човек. Од нив, домаќинства на банките треба да им вратат 1,4 милијарди евра, додека останатите се долгови на државата.

 

Заедничко за сите во ек на пандемија е пораст на кредитирањето, а пад на штедењето. Заканата од затворање на капацитетите и отпуштаења од работа може да го зголеми бројот на нефункционални кредити, односно оние кои граѓаните нема да можат да ги вратат.