ММФ- ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА НЕ Е ТОЛКУ СТРАШНА

0
66

Георгиева сепак предупреди дека „оваа катастрофа е далеку од завршена“

Меѓународниот монетарен фонд ќе ја ревидира глобалната економска прогноза за оваа година, која беше значително ослабната заради мерките поврзани со коронавирусот, откако зајакнала повеќе од очекуваното од јуни наваму, според висок претставник на ММФ.

„Сликата денеска не е толку страшна“, рече директорката на ММФ Кристалина Георгиева во вторник, во Лондонската школа за економија. Таа рече дека светската економија се опоравува „од длабочините на оваа криза“ но предупреди дека „оваа катастрофа е далеку од завршена“.

ММФ прогнозираше во јуни дека бруто домашниот производ, мерка на сите произведени добра и услуги за време на фиксен период, ќе се намали за 4,9 проценти, најголемо намалување по Големата депресија во 1930-те.

Георгиева не ги откри ревидираните цифри на прогнозата, велејќи дека „развојот во вториот и третиот квартал биле донекаде подобри од очекуваното, дозволувајќи мала ревизија нагоре, на нашата глобална прогноза за 2020“.

ММФ ќе ја објави прогнозата на следниот годишен состанок наредната недела, што ќе се одржи виртуелно за да ги заштити учесниците од коронавирус.

Георгиева кажа дека 12 трилиони долари во финансиска помош и ниво без преседан на финансиски олеснувања помогнале на многу напредни економии, вклучувајќи ги и САД и оние од Еврозоната, да го избегнат најлошото од штетата и да започнат да се опоравуваат.

Таа кажа дека Кина исто така се опоравила побрзо отколку што се очекувало, но дека другите пазари во подем и државите со ниски примања продолжуваат да се борат со слаби здравствени системи, претеран надворешен долг зависноста од сектори како туризмот што особено тешко биле погодени од пандемијата со коронавирус.

Георгиева повика на поголемо ослободување од долгови за државите со ниски примања, што оди подалеку од замрзнување на отплатата на долговите за глобалната заедница да координира суверен план за реструктуирање на долг што инволвира јавни и приватни кредитори.