ММФ – ПАД НА БДП ВО ЗЕМЈАВА ОД 5,4 ОТСТО ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА

0
68

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во ажурираниот извештај во октомври проценува дека македонската економија годинава ќе ја заврши со пад на домашниот бруто-производ од минус 5,4 отсто што е зголемување во однос на априлските проекции кога се предвидуваше пад од минус 4 отсто.

 

Подобри бројки очекуваат наредната година, кога БДП би остварил раст од 5,5 отсо. Годинава би ја завршиле со инфлација од 0,9%, и дефицит на тековната сметка од 4,7%.