МОН: УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ СЕ ОЦЕНУВААТ ОНЛАЈН И НА СРЕДБИ СО НАСТАВНИЦИТЕ

0
82

До 20 ноември учениците ќе ги добијат првите оцени во училиште. МОН и Бирото за развој на образованието веќе ги известија училиштата за начинот на следење и оценување.

Учењето во виртуелна училница е во некои аспекти предизвик, но е истовремено можност да се направи исчекор во оценувањето – да се стави акцент на посложените когнитивни процеси, односно на издвојување, разбирање, анализа и помнење на она што е навистина важно, наместо усвојување на фактографско знаење. Ова е впрочем и цел на образованието и на реформите кои ќе следуваат“, велат од МОН.