Мурињо ја забележа 10. победа над Манчестер јунајтед

0
158

Во 4. коло од Премиер лигата, Тотенхем под водство на Жозе Мурињо вчера го совлада Манчестер јунајтед со 6:1.

За 57-годишниот тренер оваа победа беше 10-та во 23-от натпревар против неговиот поранешен клуб.
Манчестер Јунајтед е осмиот клуб што Мурињо го победил повеќе од 10 пати во својата кариера. Најчесто, Португалецот го има победувано Вест Хем и неговиот сегашен клуб Тотенхем – 13 пати, против Евертон и Ливерпул се радувал на победата по 12 пати, Њукасл и Арсенал ги има совладано по 11 пати, а покрај Јунајтед, 10 победи има и против Манчестер сити.