Над 100 ковид- пациенти се третирани со конвалесцентна плазма

0
82

Над 100 ковид- пациенти се третирани со конвалесцентна плазма, информира министерот Филипче. Обезбедени се вкупно 129 единици крвна плазма за третман на пациенти, заразени со Ковид-19. Филипче со апел – сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарување, да помогнат и да даруваат крвна плазма.

Според последниот извештај на министерството за здравство, се регистрирани нови 225 случаи на заболени со Ковид-19 од направени 1.841 тестирање. Починаа осуммина. Од Скопје, Гостивар, Кочани и од Струга.

Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани во земјава, од почетокот на епидемијата, изнесува 19.096. Бројката на оздравени е 15.645. Починаа 768 пациенти. Во моментов, бројот на активни случаи во земјава изнесува 2.683.