Над 30 отсто од тестираните на тетовското подрачје се позитивни на КОВИД 19, за разлика од летоска позитивните случаи дуплирани

0
75

Над 30 отсто од теситраните се позитивни на КОВИД 19

Минатата недела на тетовското подрачје се заразени за два пати повеќе пациенти во споредба со изминатово лето, земено за истиот период Најголемиот проблем според Центарот за јавно здравје Тетово, се криење на контакти и непочитување на здравствени препораки.

Епидемиологот д-р Сузана Субашиќ, вели дека се кријат пред се контакти од фамилијарни кластери. Оттаму веалт дека во последно време има доста пациенти кои заболуваат на возраст од 30 до 39 години.

-Градот Тетово, регион Тетово се наоѓа во фаза на висок ризик, во фаза на широко распространета трансмисија. Минатата недела бројката на заболени ни се зголеми двојно, два пати повеќе од изминатиот период. Во регион Тетово минатата недела се регистрирани околу 205 нови заразени, инфицирани лица. Во летниот период позитивитет на тестовите ни беше 7 отсто, сега веќе состојбата е влошена. Бројките за два пати се зголемени за минатата недела така да во овој период е исто како и на државно ниво 30 отсто имаме позитивитет од земените брисеви, изјави денес д-р Сузана Субашиќ, специјалист епидемиолог, раководител на одделението за епидемиологија при Центар за јавно здравје.