НАТО ќе помага на Македонија за справување со Коронакризата

0
74

НАТО со нов пакет ќе и помага на Македонија во справувањето со корона кризата. Првиот човек на Алијансата најави помош од 60 респиратори и други материјали во вредност од 1,4 милиони евра. Столтенберг потенцира дека новиот есенски бран ги зафати сите земји, а Македонија не е исклучок.

Новиот пакет помош според премиерот Заев на дело ја покажува солидарноста на најголемиот воен сојуз. Вели дека и покрај кризата, Македонија ќе продолжи да го зголемува буџетот за НАТО, кој до 2024 година треба да изнесува 2% од БДП.

Заев и Столтенберг денеска во седиштето на НАТО ја одржаа првата средба откако Македонија во март годинава стана 30та земја членка на Алијансата, на самиот почеток на епидемијата на КОВИД 19 во Европа.