Удрил директно во бандера, повредени и возачот и неговиот сопатник

0
103

Две лица се повредени во сообраќајната незгода што се случи вчера околу 11 часот на бул.„Словенија“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, управувајќи патничко возило „рено твинго“ со скопски регистарски ознаки, А.Н.(28) од Скопје изгубил контрола и удрил во бандера. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот Ф.Д.(21) од Скопје со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.