Нови смртни случаи во велешката болница, за само два дена во Велес од КОВИД 19 починаа седум лица

0
109

Изминатава ноќ починаа тројца пациенти на инфективно одделение во Велешката Болница, информираа од оваа здравствена институција. Сите тројца биле заразени.

„Двајца пациенти се од Градско, мажи на 65 годишна возраст и на 79 години. Почина уште еден пациент, исто така маж, тој е од Велес на 89 годишна возраст“, изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

За само два дена во оваа здравствена установа починаа 7 пациенти позитивни на вирусот.