Османи – Одредени прашања од договорот со Бугарија ќе се допрецизираат

0
79

Османи истакна дека за време на неговата посета на Софија било разговарано за разликите од очекувањата и различните интерпретации на одредени решенија од Договорот и како да се олеснат одредени решенија.

„Констатиравме дека имаме разлики во нашите очекувања во однос на тоа колку досега тој Договор дал резултат во однос на прашањето за коешто беше наменет, односно потпишан. И тука ги отворивме сите прашања и се договоривме да формираме работни групи, од двете министерства, кои на дневна основа ќе разговараат во однос на овие разлики во очекувањата, различните интерпретации на одредени решенија, како да се олеснат одредени загрижености на едната или на другата страна од некои решенија. Како што е, на пример, новото кратко име, ако кратко име предизвикува одредена загриженост во Република Бугарија дека некој тоа може да го интерпретира како територијална претензија на историскиот регион Македонија, мислам дека ние немаме проблем да направиме дополнително објаснување до бугарската страна дека новото име е во употреба како и долгото така и краткото, меѓутоа и краткото и долгото претставуваат иста територија, а тоа е Република Северна Македонија“, изјави Османи.