Отпадните води од Индустриската депонија лоцирана во атарот на село Јегуновце, речиси еден месец не се прочистуваат и завршуваат во реките при поројни дождови

0
133

Отпадните води од Индустриската депонија лоцирана во атарот на село Јегуновце, речиси еден месец не се прочистуваат и директно завршуваат во реките

Од Раководството на Југохром, велат дека нема место за паника. Филтер станицата се реконструира. Кога ќе завршат градежните работи истата ќе биде пуштена во употреба и отпадните води повторно целосно ќе се прочистуваат.

Најавите се дека до декември оваа година треба да заврши реконструкцијата на филтер станицата за отпадните води, кои повеќе од 5 децениии се прочисуваат, но во последно време недоволно, поради стариот и дотраен систем.