ПАУНОВСКИ – ПОБАРАВМЕ АМА НЕ НИ ОДОБРИЈА ВРАБОТУВАЊЕ НА 20 НОВИ ИНСПЕКТОРИ

0
166

Со расположливите ресурси мора да ја завршиме оваа година со цел подобро да се справиме со состојбата со корона вирусот.

Ова денеска го истакна директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски на прес-конференцијата во Владата.

Ние побаравме вработување на 20 нови инспектори, но од Министерството за финансии не одбија и ни рекоа дека треба да се штеди. Јас верувам дека владата ќе ни излезе во пресрет наредната година. Знам дека е тешко, но верувам дека сите заедно ќе успееме да ги завршиме работните задачи онака како што треба“, рече Пауновски