Пендаровски: Негирањето на македонскиот јазик не доаѓа од лингвистички авторитети туку од политички кругови

0
89

Иако поминаа седум и пол децении од стандардизирањето на македонскиот јазик и откако неговото постоење во меѓувреме беше потврдено од светската лингвистичка наука, ние сè уште сме предизвикани да го докажуваме ноторниот факт за неговата засебност, постоење. Интересно е дека негирањето не доаѓа од релевантни и светски лингвистички авторитети и институти кои за тоа прашање се имаат одамна произнесено, туку од одредени, најчесто политички и политичко-академски кругови од нашето непосредно окружување, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски на Отворените денови на Институтот „Крсте Мисирков“ со кои годинава се одбележуваат 75 години од кодификацијата на маккедонскиот современ јазик.

Без намера, како што рече претседателот, да ја оптоварува свеченоста со дневно-политичка реторика, нагласи дека научните аргументи и вистината се на наша страна.

Условот на Софија се постави кога бугарското собрание усвои декларација со која ги поддржа преговорите за членство во ЕУ за Скопје и Тирана, но тоа го услови со барање за признавање на „историската вистина за заедничка историја што ја споделуваат двете држави и народи“. Кон крајот на минатата година Бугарската академија на науките (БАН) усвои став дека македонскиот јазик не постои, туку дека е „писмено-регионална норма“ на бугарскиот јазик.