Позитивните ги кријат своите контакти

0
74

Епидемилогот др. Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово, денеска на Советот на Општина Куманово, одговарајќи на прашањата на советниците за актуелната состојба со Ковид-19 во градот, рече дека позитивните пациенти ги кријат своите контакти во епидемиолошката анкета.

Како што појанси др. Стаменковска, веднаш по добивање на позитивен резултат, во текот на денот Одделението за епидемиолошка дејност во дата база добива резултати на позитивни случаи. Потоа епидемиолозите од ЦЈЗ вршат епидемиолошка анкета, се контактира телефонски лицето кое е позитивно и врз база на анектниот прашалник лицето е должно да ги даде сите барани податоци на најблиски контакти.

Потенцирам дека се помал број контакти се јавуваат, ако во првите месеци во март или април на еден позитивен имамве од 10 до 15 лица котантки, сега се помалку и од самите установи и инстиуции и самите лица од семејството не покажуваат, така да на едно позитивно лице имаме по 2-3 контакти, вели епидемилогот.