Полицаец удрен со автомобил во Скопје, а неговите колеги нападнати

0
78

Полициски службеник бил удрен од автомобил управуван од скопјанец, а потоа биле нападнати и неговите колеги, информира МВР.

-На 20.10.2020 во 20:30 часот во Скопје на ул. „Ѓорче Петров“ патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот А.А. од село Кондово, не застанало на даден знак и со возилото удрило полициски службеник, кој преземал службени дејства. По преземени мерки од полициски службеници А.А. бил пронајден. Според пријавеното, потоа повеќе лица физички нападнале полициски службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од полицијата.