ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ШУТКА, КАЗНЕТИ 97 ВОЗАЧИ

0
78

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден продолжија засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на општина Шуто Оризари изречени се вкупно 97 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 27 лица, 24 технички неисправни и нерегистрирани возила…, соопшти МВР, додавајќи дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.