По исполнувањето на болничките капацитети следува карантин

0
71

Доколку се исполнат болничките капацитети со пациенти, во тој случај ќе биде предложен карантин, рече министерот за здравство Венко Филипче, во вестите на Канал 5.

Тој појасни дека болничките капацитети забрзано се исполнуваат, па за прв пат и одделението во Кавадарци се користи за згрижување пациенти со Ковид-19.

Меѓу болниците во Прилеп и Битола се менаџира, а и другите болници се исполнуваат.

Според Филипче, на располагање се модуларните болници, а ко се наполнат и тие, тогаш ќе мора да се воведе карантин, смета Филипче.

Инаку, денеска, според ковид-билтенот, во болница се 464 пациенти