ПО ПОСЛЕДНИОТ БОТОКС МАДОНА ЛИЧИ НА ВОНЗЕМЈАНИ КОМЕНТИРАА НЕЈЗИНИТЕ ОБОЖАВАТЕЛИ

0
129

 

Познатата пејачка Мадона на Инстаграм сподели фотографија на која позира во малку поинакво издание, со очила и розова коса, но она што првично нејзините обожаватели го забележаа е обликот на нејзиното лице.

Иако намерата и била со објавата да ги поттикне Американците да излезат на претседателските избори, најголем број од коментарите се на сметка на нејзиниот изглед и обожавателите се прашуваат дали станува збор за филтри или многу лош ботокс.

„Ова не е мојата кралица. Личиш на вонземјанец од филмовите. Пластичниот хирург ужасно ја завршил својата работа. Дали е ова вистина?“ – гласи еден од коментарите.

„Престани со пластичните операции, претера“ – ѝ порачаа обожавателите.

Имаше и такви кои ја бранеа прочуената кралица на поп музиката и истакнаа дека таа во секое издание изгледа одлично.

Madonna (@madonna) • Instagram-bilder og -videoer