По Тамара и Игор Џамбазов ги „истетовира“ своите грешки

0
89

Тетоважата вчера беше најзборувано и споделуваното нешто на социјалните мрежи, но покрај тоа пејачката предизвика големо внимание и кај нејзините колеги. Македонскиот шоумен Игор Џамбазов одлучи да ја „истетовира“ својата грешка.

Игор во свој, уникатен стил одлучи да ја поддржи Тамара, па објави фотографија на социјалната мрежа Инстаграм и насмеа многумина.

Имено, Џамбазов на фотографијата која што ја сподели позира онака како што тој најдобро умее, а во прв план е неговиот стомак на кој што има напишано „шток“.

Под фотографијата стои опис: „Секој со своите гревови“.