Протест на тетовските средношколци

0
109

Средношколците од Тетово денеска излегоа на протест пред Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Нивното барање е наставата да почне со физичко присуство. Велат дека се доволно возрасни за да можат да се грижат за личната хигиена и да ги почитуваат владините мерки за одржување настава со физичко присуство. Учениците велат дека веќе виделе како функционира учењето од далечина и се убедени дека оваа метода нема да даде позитивни резултати.

„Не го поддржуваме договорот на УКИМ и МОН, бидејќи на масата не беа ставени нашите барања и не беше побарано наше мислење кога се потпишуваше договорот. Нашите барања се наставата да почне со физичко присуство. Свесни сме дека има вирус, но можеме да се придржуваме до протоколите кои ќе ги одреди МОН или Министерството за здравство. Но, свесни сме и ќе ги почитуваме правилата кои ги почитуваат и тие“, вели еден од средношколците.