Пукање во трговски центар во Белград – едно лице повредено

0
86

Во нов Белград во трговскиот центар „Ушче“ околу 16 часот се случил инцидент во кој имало пукање со огнено оружје.

Настанот се одвивал во гаражата на овој центар, а според неофицијални информации едно лице е рането на главата.

Силни полициски сили го пребаруваат трговскиот центар, кој веднаш беше блокиран во тој дел на Нов Белград, а полициската акција Вихор е во сила!

Според последните информации, 35-годишниот А.Ш бил ранет во гаражата.