Рекорд и во Австрија – 1.235 новозаразени со Ковид-19

0
175

И Австрија по примерот на Полска и на Франција, регистрираше рекорден број на новозаразени со Ковид-19. Австриските власти соопштија дека бројката во последните 24 часа изнесува 1235 заразени, што е најголема бројка од почетокот на пандемијата.
Најголем број се од Виена и околината – 511. Следува Долна Австрија со 187, а Горна Австрија 174. И останатите области се со двоцифрени бројки.
Од почетокот на епидемијата, во Австрија се регистрирани 54.444 случаи на Ковид-19.