Семејството повикува на традиционален погреб на Амди Бајрам, а МЗ на избегнување на погребните ритуали

0
168

Денеска во Општината Шуто Оризари ќе биде прогласен ден на жалост во чест на починатиот Амди Бајрам, а во 10 часот во општината ќе се одржи комеморативна седница, дознава ММС.

Амди Бајрам и покрај препораките на Министерството за здравство, ќе биде погребан утре на гробиштата во Бутел. Како што информираат блиски на семејството погребната поворка ќе тргне од неговата куќа во 14 часот.