Следната дебата меѓу Трамп и Бајден ќе биде со таканаречени неми микрофони, со можност за исклучување на истите

0
91

На следната дебата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и демократскиот ривал Џо Бајден ќе има таканаречени неми микрофони за да им се овозможи на кандидатите непречено да зборуваат за секоја тема за која ќе се разговара, објави претседателската комисија за дебати. Комисијата ја направи промената за да се избегнат прекините што доминираа на првата дебата и претворија делови од неа во некохерентна мешавина на вербални напади и навреди.