Советникот на Трамп на Твитер против носењето маски, експресно избришан неговиот коментар од социјалната мрежа

0
84

Социјалната мрежа Твитер вчера го блокираше коментарот на Скот Атлас, советник на американскиот претседател Доналд Трамп, во кој тој се спротивставува на носењето маски.

“Дали маските служат за нешто? Не. Нема смисла да се носат насекаде”, напиша Атлас, кој се приклучи на Белата куќа во август како научен советник.