Сопственик на компанија ги казнува работниците што завршуваат во самоизолација

0
102

Сопственик на хрватска компанија ги казнува работниците што завршуваат во самоизолацијаОбјавено пред 1 час – 28 октомври, 2020Од Макфакс

Ѓуро Хорват е сопственик на хрватската компанија „Техникс“, која испратила писмо до сите вработени дека ќе ги казнат доколку завршат во самоизолација, пишува „Јутарњи лист“.

„Почитувани работници! Бидејќи ситуацијата со Ковид-19 се влошува секој ден, би сакал да ве известам дека компанијата ’Техникс’ ќе воведе свои сопствени капацитети за самоизолација, така што сите што со своето невнимание влегуваат во таква состојба, ќе бидат изолирани во хотелот ‘Крал’. Лицето што ќе биде во самоизолација ќе се дестимулира во износ од 10 проценти од платата. Мора да бидеме свесни дека со своето однесување надвор од компанијата не се загрозувате само вие и вашето семејство, туку и колегите од работа и со тоа ги загрозувате стабилноста на ’Техникс’ и задржувањето на работните места. Директор: Ѓуро Хорват“, стои во писмото на успешниот претприемач.

Хорват се обидел да ги објасни своите ставови во телевизиска емисија на ХРТ.

„Презедовме мерка за да ги дестимулираме луѓето што имаат таков однос кон сопственото здравје и компанијата затоа што недостигаат 20 лица. Во исто време тие пари ги насочуваме кон оние вработени и менаџери што се здрави и се однесуваат одговорно. Сакаме микроорганизацијата да ја сведеме на сопствена одговорност. Сите мора да се вклучиме, секоја локална заедница, компанија“, рече Хорват.

Тој потврдил дека неговата компанија ги казнува оние што завршуваат во самоизолација со 10 проценти од платата.

„Неодамна им одзедовме од платата. Веруваме дека тоа е резултат на несериозност, неодговорно однесување. Ако некое лице оди од работа кон дома, ако оди од кафуле во кафуле, ако самиот го предизвика тој дел од нездравиот живот, тогаш тој мора да сноси дел од одговорноста“, рече Хорват.