Србија доби старо-нова влада, Брнабиќ останува премиерка

0
105

За новата влада по втор пат на чело со Ана Брнабиќ гласале 227 пратеници, петмина беа против, додека немало воздржани.

Новата влада има 21 министерство, а повеќе од 50 проценти од новите членови на кабинетот се жени. По гласањето, Брнабиќ и членовите на нејзиниот кабинет ќе положат заклетва.

Брнабиќ најави дека новата влада ќе биде влада на политички и економски континуитет и дека ќе има шест цели.

„Оваа влада ќе има шест цели на кои ќе посвети посебно внимание – борбата против короната, Косово и Метохија, борбата против организираниот криминал и војната против мафијата, независното донесување одлуки од страна на Србија, владеењето на правото и забрзувањето на реформите и натамошното економско зајакнување на Србија“, рече старо-новиот шеф на српската влада.