Ставале средство за чистење во алкохолот, починале 44 лица

0
84

Четириесет и четири лица починале минатата недела во Турција по конзумирањето на лажни алкохолни пијалоци. Како што пренесуваат турските медиуми, уапсени се 58 лица кои го произведувале алкохолот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицијата се сомнева дека некои жртви користеле средства за чистење за производство на алкохолни пијалаци.

Продажбата на домашен алкохол и криумчењето во Турција се во нагол пораст откако се покачи таксата на алкохолните пијалоци, што доведе до поскапување на сите алкохоли, а кај дел од нив цената е зголемена и за 440 отсто.

Турските власти воведоа високи даноци за алкохол. Во последните десет години цената на пивото се зголеми за 365 проценти. Владата во јули го зголеми данокот на пијалаци за 6,9 проценти.