Таравари – Македонија е шампион по бројот на починати од Ковид 19

0
91

Бројката на новозаразени континуирано расте, истакна Арбен Таравари во гостувањето во ТВ 24.

-Ако тестирате 2000 луѓе, 400 е многу, но највисоката бројка беше завчера 177 заболени од вкупно 677 тестирани стигна процентот 22, 75 од тестираните што е превисока бројка. Стабилен процент е кога е тој околу 5 или под тој број. Во Македонија за жал процентот на ковид-19 секојдневно расте, да не збориме за морталитетот. Македонија е апсолутен шампион во починати на милион жители во регионот, ние сме со 400, после нас е Косово, па БИХ, рече Таравари.

Вели дека есенскиот бран е почнат и за очекување е да се зголемат бројките со оглед на тоа што паѓаат температурите.

– Иако тука влијае отворањето на градинките на училиштата, изборите и кампањата, свадбите, семејните прослави итн. Јас сум за да работат рестораните но да се придржуваат на протоколите, против сум да се затворат бидејќи тоа ќе биде економска катастрофа, ние видовме што се случи тие два три месеци кога не работеа рестораните и кафулињата. Мора да работат, но да се придржуваат на протоколите, рече Таравари