Тетовци дишат загаден воздух, коронавирусот подолго лебди во воздухот ако е загаден, предупредуваат експертите

0
74

Изминатите пет денa во Тетово се бележи надминување на дозволените 50 микрограми на кубен метар на отровните ПМ-10 честички во воздухот.

Доктор Ратко Давидовски, специјалист по здравствена екологија при Центарот за јавно здравје вели дека високите концентрации се должат на грејната сезона која е во полн ек. Според него, аерозагадуавњето е лоша подлога и комбинација за ширење на коронавирусот.

– Грејна сезона почна и на тоа се должи зголемувањето на ПМ-10 честичките. Ова може да ја влоши ситуацијата затоа што ќе се „накалеми” коронавирусот на ПМ-10 и уште повеќе на ПМ-2,5 и подолго ќе стои во воздухот од она што е вообичаено. Тоа е лоша комбинација, подолго да лебди во воздухот бидејќи ПМ-10 се лебдечки честички. Во лошата комбинација влегува и ниската температура, мала влажност, ПМ-10, аерозагадување и предизвикува непосакуван ефект на т.н. „перфектна бура”, вели д-р Ратко Давидовски специјалист по хигиена и здравствена екологија.

Во 2019 година во Тетово имало 88 денови чист воздух, 120 со загаден и 157 без податоци.